Со одлука на Владата од 09.10.2008година, Република Северна Македонија ја призна независноста на Република Косово, а на 17.10.2009 година, по потпишување на Договорот за физичка демаркација на границата меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, воспоставени се дипломатските односи.
Билатерална договорна рамка:
Склучени договори предмет на ратификација
1. „Договор за физичка демаркација на границата помеѓу Република Македонија и Република Косово“
- склучен во Скопје на 16 октомври 2009 година.
- во сила од 27 октомври 2009 година
2. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за полициска соработка“
- склучен во Приштина, на 03 декември 2009 година.
- влегол во сила од 10 јули 2010
3. „Договор за економска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово“
- склучен во Скопје, на 16 декември 2009 година.
- во сила од 24 јуни 2010 година
4. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за соработка во областа на здравството и медицината“
- склучена во Приштина, на 06 мај 2010 година.
- во сила од 04 јануари 2011 година
5. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за соработка и взаемна помош по царински прашања“
- склучена во Скопје, на 11 февруари 2011 година.
- во сила oд 17 декември 2011 година
6. „Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за одбегнување на двојно оданочување и заштита од фискална евазија во однос на даноците од доход и на капитал“
- потпишан во Приштина, на 06 април 2011 година
- во сила од 13 април 2012 година
7. „Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за заемна правна помош во кривични предмети“
- склучен во Приштина, на 8 април 2011 година.
- во сила од 24 јуни 2012 година
8. „Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за екстрадиција“
- склучен во Приштина на 08 април 2011 година
- во сила од 24 јуни 2012 година
9. „Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за трансфер на осудени лица“
- склучен во Приштина, на 08 април 2011 година.
- во сила од 24 јуни 2012 година
10. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за гранично регулирање на железничкиот сообраќај“
- склучена во Скопје на 15 септември 2011 година.
- во сила од 02 март 2012 година
11. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за потврдување на периодите на осигурување за остварување право на пензија “
- потпишан во Приштина, на 7 февруари 2013 година
- во сила од 17 ноември 2013
12. „Спогодба за соработка во областа на културата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово“
- потпишан во Приштина, на 8 февруари 2013 година
- во сила од 02 ноември 2013.
13. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за отворање на нов регионален граничен премин наменет за меѓународен сообраќај меѓу двете земји ”Белановце- Станчиќ” “
- потпишанa на ГП Глобочица на 24 јуни 2013 година,
- во сила од 14 ноември 2013 година
14. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за поттикнување и заемна заштита на инвестиции“
- потпишан во Скопје на 22 јануари 2015 година
- во сила од 23 Јануари 2016
15. „Технички Аранжман меѓу Република Македонија и ЕУЛЕКС Мисијата за оперативните постапки на воздухопловите на ЕУЛЕКС во Република Македонија“
- склучен со размена на писма меѓу страните од кои писмо на ЕУЛЕКС
- во сила на 5 март 2015 година .
16. „Спогодба за соработка во областа на образованието и науката помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово“
- потпишан во Валона на 02 јули 2015 година.
17. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за условите за патување на државјаните на двете земји “
- потпишан во Приштина, 8.02.2016 година
- во сила од 17 април 2016 година
18. „Спогодба за соработка за прашања од областа на европската интеграција помеѓу Владата на Република Македонија претставена од Секретаријатот за европски прашања и Владата на Република Косово претставена од Министерството за европска интеграција“
- потпишана во Приштина, 22.02.2016 година
- во сила 23 ноември 2016 година
19. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за преземање на лица со незаконски престој и Протоколот за спроведување на овој Договор“
- потпишан во Скопје на 4.12.2017 година
- во сила од 01 јуни 2018 година
20. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачките дозволи“
- потпишанa во Приштина на 28.01.2019 година
- во сила од 9 јануари 2020 година
Договори и документи кои не подлежат на ратификација
1. „Заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Косово“
- Потпишано од министрите за надворешни работи на 17 октомври 2009 година.
2. „Договор за соработка меѓу Државниот архив на Република Македонија и Државната агенција на архивите на Косово“
- Склучен во Приштина, на 15 февруари 2010 година.
3. „Протокол за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Косово“
- Склучен во Приштина, на 22 јуни 2010 година.
4. „Меморандум за разбирање меѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерство на косовските безбедносни сили на Република Косово за безбедносна и одбранбена соработка“
- Склучен на 14 април 2010 година.
5. „Меморандум за соработка во областа на енергетиката меѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика и рударство на Република Косово“
- Склучен на 05 јули 2010 година.
6. „Протокол од средбата на делегациите на Република Македонија и Република Косово на мешовита комисија за превоз на патници во меѓународниот сообраќај“
- Склучен во Приштина, на 04 ноември 2010 година.
7. „Протокол меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово“
- Склучен во Приштина, на 23 март 2011 година.
8. „Протокол меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Косово за изведување на мешани патроли долж заедничката државна граница“
- Склучен во Скопје, на 01 април 2011 година.
9. „Меморандум за разбирање помеѓу воздухопловните власти на Република Македонија, Република Косово и Република Албанија“
- Склучен во Охрид, на 19 август 2011 година.
10. „Протокол меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Косово за основање и функционирање на заеднички контакт центар за полициска соработка “
- Потпишан во Охрид, на 03 октомври 2011 година.
- Во сила од 02.11.2011 година
11. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за соработка во областа на туризмот“
- потпишан во Скопје на 24 јуни 2013 година .
12. „Договор за соработка меѓу Македонската академија на науката и уметност и Косовската академија за наука и уметност“ .
- Потпишан во Приштина, на 11 март 2014 година.
13. „Протокол за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Косово во областа на дипломатската едукација“
- Склучен во Скопје, на 22 јануари 2015 година.
14. „Протокол за начинот на изградба и отварање на нов заеднички граничен премин наменет за меѓународен патен сообраќај меѓу Република Македонија и Република Косово “Белановце-Стачиќ”“
- Потпишан во Приштина, на 8 февруари 2016 година
15. „Договор за соработка меѓу Државниот архив на Република Македонија и Државната агенција на архивите на Косово“
- потпишан во Приштина на 14 мај 2018 година
16. „Меморандум за разбирање помеѓу Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија и Агенцијата за радијациона заштита и нуклеарна сигурност на Република Косово за соработка во полето на радијационата заштита“
- потпишан во Скопје на 6 јуни 2018 година
17. „Меморандум за соработка меѓу Националниот координативен центар за интегрирано гранично управување на Република Македонија и Националниот координативен центар за интегрирано гранично управување на Република Косово за зајакнување на соработката во областа на граничното интегрирано управување “
- потпишан во Скопје на 7 ноември 2018 година
18. „Меморандум за разбирање во енергетскиот сектор помеѓу Министерство за економија на Република Македонија и Министерство за економски развој на Република Косово“
- потпишан во Скопје на 11.02. 2019 година
19. „Меморандум за за соработка меѓу Централен регистер на Република Северна Македонија и Агенцијата за регистрацијана бизнис на Република Косово“ .
- потпишан во Приштина на 6 мај 2019 година