Амбасада на Република Северна Македонија во Косово

Најнови вести

Средба Исаки- Ќехаја

Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки, денес,  оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Косово, г-дин Флориан Ќехаја. На средбата изразено обостраното задоволство за одличната меѓусебна комуникација меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, соработката во повеќе области од заемен интерес,. Потврдена е заедничката посветеност кон европските принципи. Средбата беше искористена за размена на мислења и разгледување на можностите за унапредување на билатералната соработка, која се остварува веќе со значаен интензитет и содржини преку конкретни проекти и иницијативи. Таквата постојна состојба ќе ги потврди и ќе ја поттикне заемната волја за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка.  Заедничка беше констатацијата дека економската соработка претставува еден од приоритетите во надворешната политика на двете земји, област каде постојат можности и неискористени капацитети за натамошен развој во насока на постигнување економски развој на двете земји и регионот во целост, а со тоа и подигнување на стандардот на граѓаните. Посебно беше подвлечена неопходноста од интензивирање на соработката во реализација на проекти за инфрастуктурно  поврзување, но и во други области, трговијата, туризмот, културата, образованието.

Османи и Грвала потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гeрвала – Шварц денеска потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората.

Договорот се потпиша во рамки на заедничкатa седница на Владите на Република Северна Македонија и на Република Косово во Скопје. Со овој договор се овозможува размена на искуства и активности, имајќи го во предвид значајниот број граѓани од двете држави кои живеат во странство. Денеска се потпишаа 11 договори и меморандуми за соработка, со кои постојниот број од 42 потпишани документи се зголеми на 53.

 

Скопје, 16 септември 2021 год.

Средба Османи - Грвала Шварц

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи денес во Скопје ѝ беше домаќин на заменик-премиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора на Република Косово, Доника Грвала-Шварц, која престојува во официјална посета на нашата држава. За време на тет-а-тет средбата, како и за време на пленарните разговори на двете делегации, се разговараше за различни билатерални прашања од взаемен интерес, при што беше искажано задоволство од континуираниот политички дијалог и посветеноста за градење и продлабочување на добрососедските односи, во интерес на двете држави и неговата европска иднина. „Тема на разговор беа и нашите заеднички амбиции: како од регионален аспект, за унапредување на регионалната соработка, така и во однос на евроатлантските амбиции на двете земји, чија иднина ја гледаме како полноправни членки на Европската Унија и НАТО“, нагласи Османи и ја пренесе искрената поддршка која Република Северна Македонија ја има за членството на Република Косово во евроатлантските механизми за соработка и интеграција. Беше потврден интересот на двете Влади за што поскоро завршување на подготовките за одржување на заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Косово, одложено поради парламентарните избори одржани во Косово, во почетокот на годината. Во рамките на седницата, се очекува да се потпишат и немал број на усогласени текстови на договори, со што значително ќе се унапреди договорната  рамка и отворат нови перспективи за соработка. Постои усогласеност за потребата, фокусот во наредниот период да биде ставен на инфраструктурното поврзување во делот на транспорт и енергетиката, економијата и трговската размена, но и севкупно унапредување на соработката и во други области, како правдата, културата, здравството и други, беше нагласено на средбата.  

Скопје, 30 јули 2021

Туристички дестинации

Кањон Матка, Скопје

Крушево

Широк Сокак, Битола